речник контакт

Продажбата на Топилница неизвесна?

Ниту новиот тендер за продажба на велешка Топилница не донесе решение за некогашниот индустриски гигант. На него се јавиле две фирми, а откако турската ,,Јалум Дистричарет“ од Искендер беше дисквалификувана, отворена е финансиската понуда на скопското друштво за производство и трговија „Метрудхем“ ДОЕЛ Скопје за 2,25 милион евра.

Петар Печков

Одборот на доверители на дал мислење по истата, додека Собранието на доверители дел се изјаснил, дел не а тие  побарале дополнително псимено да се изјаснат во рок од три дена, по што  ќе се изјасни Стечајниот совет. Стечајниот управник Радослав Кипровски информираше дека турците биле исфрлени од игра, бидејќи уплатиле еден милион евра, но на сметката легнале 999.900 евра а 100 биле задржани од страна на банката заради провизија. На оваа одлука реагираше турскиот правен застапник Шефшет Демировски, кој најави жалба до Апелација за постапката на продажбата на Топилница.

Турската фирма сакала да ја сруши Топилницата, да ја продаде како страо железо и на нејзино место да гради Трговски центар,комплекс од мали и средни фирми со кој ќе се вработат многу велешани а градот нема да се загадува.Демировски најави дека тие ќе се борат до крај за оваа нивна идеја да се реализира.Сите овие постапки најавуват дека иднината на Топилницата во скоро време нема да биде позната.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »